105 казни за брзо возење на територија на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи денеска изрекле дури 105 казни за брзо возење.

Loading...

– Денеска (26.02.2023) во периодот од 10.00 до 16.00 часот на територијата на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 105 возачи, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број казнети, 89 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место.

– На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, велат од полицијата.

Засилените акциски сообраќајни контроли, потенцираат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Вчера пак на територијата на Куманово биле изречени казни на 31 возач поради возење под дејство на алкохол.

Никола Ивановски

Loading...