104 болни и изнемоштени денеска гласаат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 104 болни и изнемоштени лица денеска ќе го остварат правото на глас на претседателските избори во Куманово.

Loading...

Освен болните и изнемоштени лица, денеска право на глас имаат и осудениците кои својата санкција ја извршуваат во Казнено-поправната установа Затвор Куманово во селото К’шање.

Како што информираше претседателот на Општинска изборна комисија Куманово, Звонимир Николовски, утре ќе се гласа на 167 избирачки места, а гласачкиот материјал е соодветно обезбеден.

– Материјалот е однесен на 16 пунктови со полициско обезбедување и ќе се чува на тие локации. Останатиот избирачки материјал останува во општинските простории каде исто така го обезбедува полицијата, а истиот утре ќе биде дистрибуиран до сите избирачки места, изјави Николовски во телефонски разговор за Кумановски Муабети.

Точната бројка на лицата со право на глас за утрешното гласање засега не е позната, рече Николовски, кој посочи дека се уште чекаат официјален извештај од Државната изборна комисија.

Leave a Reply