103 лица не го почитувале полицискиот час изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Според статистиката на Министерството за внатрешни работи во текот на изминатово деноноќие (24/25.03) на територијата на државата по однос на непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка.

Loading...

Притоа, 63 лица биле приведени во полициска станица, 31 лице се опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на настан.

Исто така, во текот на вчерашниот ден евидентирани се 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои на граничните премини потпишале изјави за самоизолација.

Извршени се и 61 контрола во угостителски и други објекти и утврдено е дека само во еден случај не се почитувале препораките и мерките на Владата.

Никола Ивановски

Leave a Reply