За успешен брак потребно е да се вљубите повеќе пати, секогаш во иста личност, мудро рекла Мињон Меклафлин, американска новинарка и авторка.
Loading...
Да нуачиме да бидеме посреќни во бракот. Да бидеме вистински задоволни покрај саканата личност со која делиме се.
Следните 10 мудрости можат да ни помогнат во тоа, а важат секако за двајцата сопружници:
- Никогаш не бидете лути во исто време.
- Не викајте еден на друг никогаш, освен ако во домот не избил пожар.
- Препуштете му на партнерот чест да „победи“ во расправијата кога за тоа ќе се укаже можност.
- Критикувајте со љубов.
- Не оживувајте ги денес вчерашните грешки.
- Попрво запоставете го целиот свет, отколку едно друго.
- Не одете на спиење пред да го решите проблемот.
- Кажете нешто убаво на љубовта на својот живот макар еднаш дневно.
- Кога ќе направите нешто лоши, признајте го тоа и побарајте прошка.
- Не заборавајте дека за танго се потребни двајца. Никој од вас никогаш не е единствен виновник, како што ниту еден од вас не може секогаш да биде тој што е во право.