Многу особини би сакале да „наследиме“ од нашите домашни миленици. Тие се пожртвувани, секогаш расположени, скромни, а на мал знак внимание искрено се радуваат.
-
Морските коњи се моногамни животни. Тие избираат пар и целиот живот го минуваат заедно. Една љубов за цел живот!
-
Кравите имаат најдобри другарки. Верувале или не, и кравите имаат најдобра другарка и доживуваат стрес кога ќе ги разделат, тврдат научниците.
-
Видрите се држат за „раце“ кога спијат. Едноставно, се обидуваат да спречат во сон да отпловат и така да се разделат.
-
Пингвините ги просат своите избранички така што им предаваат претходно внимателно избрен камен.
-
Експертите велат дека кутрињата мажјаци за време на игра, ги пуштаат женките да победат за да им покажат наклонетост.
-
Мајмуните ценат рамноправност и се залагаат за „иста плата“. Кога друг мајмун ќе добие поголема наградата за иста извршена работа, мајмунот кој бил „оштетен“ станува вознемирен.
-
Се верува дека слоновите се животни кои покажуваат најголем степен на емпатија, и тоа не само кон својот вид туку и кон сите живи суштества.
-
Дивото африканско куче негува длабоко почитување кон постарите и болни припадници на чопорот и внимателно се грижи за нив.
-
По мирисот на своето слонче, мајката успева во својата ментална мапа, како во компјутер, да спакува информации каде тоа се игра или каде е сокриено.
-
Дабровите се најверните животни. Во изградбата на куќата, бранењето и негувањето на младенчињата учествуваат двајцата родители, а „љубовта“ ја пронаоѓаат само во случај на смрт на партнерот.