10 лица го прекршиле полицискиот час во Куманово

Сподели со своите пријатели

Десет лица го прекршиле полицискиот час во Куманово во текот на ноќта, додека пак по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето полицијата казнила вкупно 87 лица.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (04.05/05.05.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 122 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози се во Куманово 87, во Крива Паланка 8 и во Кратово 27,

За истите, како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 10 (десет) лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply