10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (4 дел)

Сподели со своите пријатели

На 2 август 1943 година во селото Сливница во Србија е формиран Вториот кумановски одред од 20 борци. За командант на одредот бил избран Христијан Тодоровски Карпош, а за заменик Доне Божинов.

Loading...

На 24ти и 25ти октомври 1912 година кај Зебњак се одржала одлучна битка меѓу српската и турската војска. Во чест на таа битка во 1937 година бил откриен импозантен споменик, но во 1944 година бил разурнат од бугарскиот окупатор.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (Прв дел)

Една од најстарите куќи во Куманово била на сликарот Трајко Муфтински. Неговиот татко ја користел како конакк за трговци. Бидејќи од трговците не се барало да се плати ведаш за престојот, конакот го нарекле „Муфте ан“. Од таму и фамилијата го добила презимето Муфтински.

Loading...

Паркот Соколана од 1935 година до првите денови на окупацијата било постојано собиралиште на членовите на СКОЈ и КПЈ. Таму се одржувале состаноци, па дури и на Комитетот. Во септември 1941 година учениците од Гимназијата, на чело со Толи Зордумис се собрале во овој парк и потоа демонстрирале во градот против теророт и насилството на училишните власти.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (2 дел)

На 15 ноември 1941 година окупаторскиот воен суд ги осудил борците од карадачкиот партизански одред. Петмина добиле смртна казна, а двајца казна затвор од 15 години.

До 1913 година во Куманово кај Старата црква постоела Централна школа во која се изучувале повеќе предмети на црквено-словенски јазик. Во оваа школа била сместена и првата библиотека во Куманово.

Во куќата на Благој Стефковски Гојчо во септември 1941 година се одржал првиот состанок на Воениот штаб од Куманово на кој присуствувал и секретарот на Комунистичката партија на Македонија, Лазар Колишевски.

Куманово во Македонија и Кумане во Банат (регион поделен меѓу Србија, Романија и Унгарија) името го добиле по племето Кумани кои на Балканскиот полуостров се доселиле во XI век. Од нив ништо посебно не останало во нашата земја, освен името.

Loading...

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (3 дел)

На 6 декемвр 1943 година Кумановскиот баталјон „Орце Николов“ под команда на Карпош извршил напад на железничката линија Белград – Атина, на релацијата меѓу Табановце и Прешево. Линијата била прекината на неколку места, а со тоа се оневозможил сообраќај и префрлање војска и воен материјал на Германците.

Во својата книга „Материјали по изичување на Македонија“ издадена во 1896 година Ѓорче Петров вели дека Куманово при крајот на XIX век имало 14.530 жители и четири маала: Долно маало или Варош, Карапско, Велешко и Горно маало.

Leave a Reply