10 години владеење на Папата Франциско: Помалку конзервативен, но со цврсти католички ставови

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско ја поздрави неговата десетгодишнина на чело на Католичката црква, која е многу популарна, но се соочи со внатрешна непослушност по децении реформи, иако ја остави основната доктрина недопрена.

Loading...

Кога на 13 март 2013 година се појави на балконот на базиликата Свети Петар во едноставна папска облека, новоизбраниот Аргентинец Хорхе Бергољо веднаш покажа дека неговото папство ќе биде поинакво.

Насмеаниот, отворен језуит беше остар контраст со неговиот резервиран, интелектуален претходник, Бенедикт Шеснаесетти, првиот папа од средниот век кој поднесе оставка.

Франциско имал план – да го реформира управувањето со Црквата, кое се водело по инерција, да ги исчисти нејзините сомнителни финансии и да го сврти кон надвор.

Иако не отстапува од своите цврсти католички убедувања – тој ги нарече абортусот убиство и хомосексуалноста грев – Френциско се покажа како посочувствителен и помалку догматичен од неговите претходници, осудувајќи го, на пример, прогонот на хомосексуалците.

– Нема повеќе демонизирање на хомосексуалноста, дискусии за вонбрачни афери и апчиња за контрацепција. Сето тоа го тргна од масата – изјави италијанскиот ватиканист Марко Полити.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Наместо тоа, 86-годишниот папа ги нагласува прашањата за социјалната правда, меѓурелигискиот дијалог, животната средина и правата на бегалците.

– Папата ја ангажираше Црквата за прашања кои се во срцето на западните демократии, како што се животната средина, образованието, правото – додава Роберто Реголи, професор на Папскиот Грегоријански универзитет.

Loading...

Сам во бурата

Соочени со скандалот за сексуална злоупотреба што со години ја потресува Црквата ширум светот и во никој случај не стивнува, реформите на Франциско вклучуваат задолжително пријавување на злоупотреба на деца од свештеници и нејзино прикривање.

Аргентинскиот папа се обиде да создаде сојузи на меѓународната сцена, најмногу меѓу Ватикан и Кина, муслиманските земји и Руската православна црква.

Односите со Русите се влошија поради војната во Украина, а понудата на Франциско да посредува за мир меѓу Москва и Киев не вроди со плод.

И покрај напредната возраст и здравствените проблеми – тој беше хоспитализиран во 2021 година поради операција на дебелото црево, а поради проблеми со коленото користи инвалидска количка – Франциско сѐ уште многу патува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Огромни толпи го пречекаа за време на овогодинешната посета на Јужен Судан и Демократска Република Конго, што е показател за неговата популарност.

Католиците ширум светот, исто така, се сеќаваат на неговото лидерство за време на пандемијата на коронавирус, особено кога тој стоеше на плоштадот Свети Петар за време на невремето во март 2020 година, повикувајќи ги верниците да се борат со своите стравови со вера.

Моќни игри

Скромниот стил на Франциско сигнализираше промена во ставот на Ватикан од самиот почеток.

Папата избрал едноставен стан наместо палата и ги поканил бездомниците и поранешните затвореници во својот дом.

Loading...

Но, некои ја критикуваат тенденцијата на Франциско да ги прави работите на свој начин, верувајќи дека тој ги отфрла традициите на папската служба и дека оди предалеку со многу личен пристап кон управувањето со Црквата.

– Франциско покажува авторитаризам каков што Курија одамна не видел. Тоа неизбежно може да биде иритирачко – изјави за Франс прес висок дипломат стациониран во Рим кој сакал да остане анонимен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Првиот латиноамерикански папа сега, повеќе од порано, се соочува со силно противење од конзервативното крило на Католичката црква.

Дел од отпорот беше поттикнат од смртта на двајца водечки конзервативци во Ватикан, поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти. и австралискиот кардинал Џорџ Пел во јануари.

Франциско рече дека ќе ја следи одлуката на Бенедикт да поднесе оставка доколку здравјето го спречи да ја извршува функцијата, но нагласи дека оставката не треба да биде правило и дека тоа не е на неговата агенда.

Но, подготовките за конклавата на која ќе се избира наследникот „веќе се почнати“, рече Полити, порачувајќи дека не станува збор за „маневри со имиња, туку за идеолошка платформа на идниот папа“.

Папата Франциско веќе остави свој белег таму, назначувајќи 65 отсто од кардиналите кои еден ден ќе го изберат неговиот наследник.