1.000 лажно обвинети во Турција ќе бидат ослободени

Сподели со своите пријатели

Околу илјада луѓе во Турција би можеле да бидат ослободени од затвор откако е утврдено дека лажно биле обвинети за врска со имамот Фетулах Ѓулен кој Анкара го смета за одговорен за обидот за пуч минатата година, соопшти обвинителството.

Главниот виновник во Анкара, Јуксел Кочаман рекол за новинарите дека движењето на Ѓулен развило програма и дека недолжни луѓе ги насочувале преку шифрираната апликација „Бајлок“ која следбеници на Ѓулен ја користеле за тајна комуникација.

Обвинителството смета дека употребата на аплиацијата е доказ за членството на Ѓулен во движењето, наведува АП.

Кочаман вели едка мрежата на Ѓулен го развија тој програм за да им отежне на влстите да влезат во трага на вистинските корисници на апликацијата „Бајлок“.

Обвинителот најавил дека ќе го преиспита правниот случај во врска со 11.480 лица откако е утврдено дека тие се пренасочувани на оваа апликација без своето знаење.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.