Ѝ подарил ѓердан на својата девојка, по две години се шокирала кога дознала што носи на вратот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кога едно момче, од страв да не биде одбиено, ѝ ставило веренички прстен на раката на девојката додека спиеше, мислевме дека го видовме најинтересното свршување. Случајот што се случи во Австралија е уште понеобичен!

Loading...

Тери од Австралија, кој се занимава со обработка на дрво во слободното време, ѝ подарил на својата девојка Ана уникатно парче накит што самиот го изделкал за првата годишнина од врската.

Тоа било пред две години, а девојката немала идеја што се крие во приврзокот… Вереничкиот прстен со дијамант чекал да биде откриен.

„Во една пригода шетавме низ трговскиот центар и на Ана навистина и се допадна ѓердан што еден човек го продаваше на штанд и му се допаѓаше нејзиниот: Малку фалеше да го симне и да го замени со него. Срцето ми застана”, рече Тери кој повеќе пати се нашол во непријатна ситуација поради ѓерданот во кој се криел прстенот.

Тој исто така еднаш се плашел дека скенер на аеродромот ќе открие метал во дрвен приврзок…

Времето минувало, Ана немала идеја што носи околу вратот. Љубовта меѓу нив сè уште беше силна, а Тери полека го губел трпението. Затоа, тој одлучил да испланира свршувачка.

Двојката отпатувала за Шкотска, а Тери го искористил патувањето до пештерата за конечно да „постави прашање“. Побарал да го извади ѓерданот, клекнал на едното колено и открил што се крие во приврзокот…

„Ана се шокираше кога сфати дека ѓерданот се отвора, а потоа само се осети дека две години имала вреден прстен околу вратот, па стана бледа. ’Можев да го изгубам, идиоте’, беше нејзината прва реакција “, рече Тери и додаде дека секако рекла „да“…

Loading...

Погледнете ја нивната необична приказна во видеото подолу.

 

Leave a Reply