Се започнало кога Сејди Кемп почувствувала болки во грбот.
Со оглед на тоа дека малку оред тоа поставувала мини кујна за детската игра, Сејди мислела дека болката е последица од поставувањето на играчката.
Сето тоа се случило на Божиќ, а Сејди наскоро, вели самата, врескала од болка.
„Се собравме на ручек во 14.30 часот кога јадев и се смеев со моето семејство, а од 17 часот се борев за живот“, рече Сејди и додаде:
„Реков дека ќе се избањам, но половина час подоцна врескав на подот од болка, велејќи дека се чувствувам како некој да ми го стиска бубрегот“, објасни таа.
Меѓутоа, силната болка била предизвикана од камен во бубрегот. Ова е честа појава кај луѓе постари од 30 години.
Камењата во бубрезите или уринарниот тракт се формираат поради намалениот волумен на урина и таложењето на калциум и други материи од кои се состои каменот.
Дехидрација или намален внес на течности е најчест фактор на ризик за развој на оваа болест.
Сејди итно била пренесена во болница, каде лекарите ѝ дале лекови против болки. Иако во повеќето случаи, камењата во бубрезите се излачуваат во урината, Сејди се вратила во болница по неколку часа.
Сепак, Сејди била ставена во вештачка кома, што може да се спореди со целосна анестезија, која трае невообичаено долго.
Лекарите намерно ги ставаат пациентите во кома по тешки повреди или сложени операции, бидејќи оваа процедура често значи разлика помеѓу живот и смрт.
Камењата во бубрезите може да доведат до инфекција на бубрезите, што пак може да доведе до сепса. Се проценува дека 20 до 30 милиони пациенти ширум светот страдаат од сепса секоја година.
Од нив, над 6 милиони неонатални случаи и деца, а над 100.000 случаи кај мајки. На секои неколку секунди во светот по едно лице умира од сепса.
Сејди добила сепса, но најлошото допрва требало да дојде.
Таа се разбудила по две недели на апарати за одржување на живот, велејќи:
„Ми дадоа лекови кои ги одржуваа моите органи во живот, но нозете ми страдаа. Немаше проток на крв во рацете и нозете, а ткивото почнало да изумира.
Лекарите ѝ рекле на Сејди дека мораат да и ги ампутираат сите 10 прсти.
Кога првпат се разбудив, ѝ реков на мајка ми дека требала да ги исклучи апаратите што ме одржуваат во живот, но таа ме праша дали повеќе би сакала моите деца да ме посетат во болнички кревет или на мојот гроб. Сфатив дека добив втора шанса за живот“, рече таа, додавајќи:
„Лекарите ми рекоа дека се толку изненадени што сè уште сум тука, што не би требало да бидам жива со оглед на количината на отров во крвта“, продолжи Сејди, додека лекарите допрва треба да одлучат дали да извршат ампутација на нозете.