Зоран Заев: Македонија му должи и ќе му врати на Куманово (галерија)

Сподели со своите пријатели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва одржа централен митинг на градскиот плоштад во Куманово каде се обрати и лидерот на партијата Зоран Заев, но беа претставени и кандидатот за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски и кандидатите за советници предводени од Атина Мургашанска.

 

Loading...

 

Пред присутните во получасовниот говор, лидерот на партијата и премиер на Република Македонија се осврна на она што Владата и кандидатите за градоначалник и советници ќе го направат за Куманово доколку ја добијат довербата од граѓаните на претстојните локални избори.

– Ќе ја продолжиме гасификацијата која досега е реализирана од 14 километри, на која се припени јавни објекти, а започнаа да се припојуваат и домаќинства и стопански објекти, продолжуваме понатаму каде што застанавме. Директно ќе добиете поддршка и помош од државата за решавање на проблемот со водснабдувањето на Куманово, оти Куманово не е надвор од Македонија па да не му се помогне. За овој 18,5 километарски водовод кој што треба да го направиме од Куманово до Липково ќе го решиме заедно, Куманово и Владата на Република Македонија како партнери – порача Заев.

 

 

Како што вели Заев 11 години локалната самоуправа се трудеше со сопствени средства за капитални инвестиции за градинките и образовните институции, но најави дека тоа во иднина нема да биде така.

– Конечно ќе насочиме огромни средства во капитални инвестиции за реновирање на постојните детски градинки и училиште и ќе изградиме нови детски градинки во Куманово и никогаш повеќе да немате проблем со уписот на вашите деца во детските градинки во Куманово.

Заев се осврна и на она што власта успеала да го резлизира во изминаите три месеци додека е на власт на централно ниво, осврнувајќи се на покачување на минималната плата.

– Ни оставија Буџет во кој немаше доволно пари ниту за пензии, ниту за плати, ниту за социјалните додатоци, ниту за здравствениот фонд. Лажирале Буџет дека развоен ќе бил во 2017та во моментот кога го носеа. За три и пол месеци од заштеда на трошоци, непродуктивни во државата, во вкупна вредност од 45 милиони евра, канализиравме и ги стабилизиравме овие четири основни функции на државата, да не берат гајле ниту пензионерите, ниту социјално ранливите ниту вработените во јавната администрација, ниту било кој граѓанин дека ако се разболи здравствениот систем нема да одговори. И не застанавме овде на урнисан здробен Буџет, финансиски урниасана држава испорачавме први социјални мерки во државата. Ја донесовме минималната плата која што е 12.000 денари, никој повеќе нема да зема плата од осум, девет или десет илијади денари, 70.000 наши граѓани земаа плата под минималната и убавината на законот не е само ова, со овој закон ги отворивме спиралите за покачување на сите плати во Македонија – вели Заев.

 

Loading...

 

Заев се осврна и на законот за стечајците кој го изгласа Владата во изминатите три месеци и вели дека тоа е важно за сите во Република Македонија, бидејќи тие животот го дале во работа за државата. Воедно се осврна и на законот за укинување на радиодифузната такса.

– Ова е придобивка на сите, не само на овие повеќе од 3.000 стечајни работници кои Лиле ги рпедводеше целиот овој период, ова е исправање на една неправда што се случуваше во Македонија и сега повеќе од 3.000 семејства ќе добијат надоместок, некаде околу 7.600 денари и оваа неправда ја исправивме. Никој повеќе нема да има блокирана сметка за глупавата Радиодифузна такса, ја укинавме РДТ. Од вашите даноци, државата ќе се погрижи Македонската радиотелевизија да има независен буџет. Секој први до петти во месецот без можност да влијае ниту Драган Тевдовски како министер за финансии, ниту Зоран Заев како премиер, ќе се пуштаат парите за МРТ, за да нема зависност финансиска и политичка. Јавниот сервис ќе биде независен и по него ќе се престројат сите останати медиуми во својата незавиност. Ако имаме независни медиуми ќе биде контролирана власта, ако биде контролирана власта ќе работи совеста кај власта, а ако власта биде совесна ќе биде сервис на граѓаните, ќе биде отечтна транспарентна и ќе функционира за секој поединец, за секој граѓанин подеднакво – рече Заев.

 

 

 

Премиерот и лидер на владејачката СДСМ се осврна и на реформите во образованието, кои како што велат ќе ги подготват младите за пазарот на трудот.

– Најмалите нема повеќе да имаат од пет до седум часа, повторно ќе имаат четири часа, а среда и петок по три часа, да им го вратиме детскиот живот онака како што беше порано. Ја воведовме младинската гаранција, определвиме на урнисан буџет и финансиски тешка состојба во Македонија, 500.000 милиони денари, младинската гаранција има цел да ги поддржи младите во обезбедување работа, нивен тренинг и дообразование, мерка која дава резултат во цела Европа, мерка со која ќе си ги задржиме младите овде и се што постои ресурс ќе го насочиме кон вас да ви обезбедиме работа и подостоинствени плати, затоа што треба да останете овде и овде да гледате иднина, овде да чекате деца и да носите внуци на вашите родители – порача Заев.

 

Loading...

 

Владата во изминатите три месеци, како што вели Заев, ги подобри сите односи со пријателите, но потенцираше дека ќе го сочува идентитетот, а Македонија ќе биде членка на НАТО и ќе отпочне преговори со Европската унија.

Македонија помина тежок период, а Куманово е сведок за тоа, порача лидерот на партијата и премиер на Република Македонија, Зоран Заев.

– Во целиот овој период жарот и искрата испраќаше недвојбени пораки дека оваа искра во Куманово нема да изгасне. Битката ја предводеше и челото го предводеше досегашниот градоначалник Зоран Дамјановски, нашиот Циц. Пркосеше и тој и неговите соработници на сите закани, инспекции, пријави, на сите тортури и омаловажувања, но остана со кренато чело чувајќи го Куманово и слободарската искра која се прошири веќе во цела Македонија. Се боревме против режим, Куманово беше предводник на тој режим, пред него стоеше неговиот градоначалник Зоран Дамјановски Циц. Другар мој, успеавме го соборивме режимот, ја вративме слободата, блеска Македонија слободарски, ти благодарам и тебе и на твоето Куманово – рече Заев кој додаде дека Република Македонија му должи и ќе му врати на Куманово.

 

 

Заев ги повика кумановци да ја дадат поддршката на Максим Димитриевски во борбата да стане градоначалник на најголемата општина во држават, но и за советничката листа предводена од Атина Мургашанска, затоа што како што вели, Куманово одржа лекција на цела Македонија.