ЗОИ 2018: Шарп го освои златото во „халфпајп“

Сподели со своите пријатели

Кеси Шарп (25) ја освои олимписката титула во дисциплината „халфпајп“ за жени во ски-слободни стил во Пјонгчанг.

Канаѓанка, која е освојувач на сребрен медал од Светското првенство во 2015 година, постигна најдобар резултат од 95.80 поени во втората серија и ја претекна Французинката Мари Мартино, која заврши со 92.60 поени и остана со сребрениот медал.

Ветеранка Мартино (33) го повтори својот резултат од Сочи 2014 година.

Трета во оваа дисциплина беше Брита Сигурни од САД. Таа забележа 91,60 поени.

Во квалификациите, и трите освојувачки на медали забележаа повеќе од 90 поени во двете серии. Олимписката шампионка пред четири години Мади Бауман (САД) падна и се претстави слабо, завршувајќи дури на 11-тата позиција во конечниот пласман.

Освојувачката на бронзен медал од Сочи 2014, Ајана Оноџука (Јапонија) се нареди петта во финалето.

Канада до денеска освои осум златни медали на Олимписките игри во Пјонгчанг.

Конечен пласман во „халфпајп“ (жени) ски-слободен стил:

1. Кеси Шарп (Канада) 95,80 поени

2. Мари Мартино (Франција) 92.60

3. Брита Сигурни (САД) 91.60

4. Аналиса Дру (САД) 90.80

5. Ајана Оноџука (Јапонија) 82.20

6. Валерија Демидова (Русија) 80.60.

Leave a Reply