ЗОИ 2018: Легендата Фуркад со трето олимписко злато во Пјонгчанг

Сподели со своите пријатели

Легедната на светскиот бијатлон, Мартен Фуркад го освои своето трето олимписко злато на Игрите во Пјонгчанг 2018, откако ја изведе Франција до титулата во мешаната штафета.

Фуркад трчаше од четврта позиција и беше исклучително прецизен и во двете стрелања, а освен тоа трчаше многу побрзо од своите конкуренти и не остави никаква шанса друга штафета да се вмеша во битката за златото.

Франција ја освои олимписката титула во мешаната штафета по бијатлон (два по шест километри за жени и два по 7,5 километри за мажи) со тим Мари Дорен-Абер, Ане Бескон, Симон Десту и Мартен Фуркад. Тое забележаа време од 1:08:34.3 часа и користеа четири дополнителни патрони.

Бранителот на титулата, тимот на Норвешка (Марте Олсбу, Тирил Екхоф, Јоханес Нингес Бо и Емил Хегле Свендсен), кој направи една казнена обиколка и користеше 11 дополнителни патрони, заврши на второто место на 20,9 секунди од шампионите.

Бронзениот медал за втора последователна Олимпијада оди кај Италија.

Leave a Reply