Земјотреси утринава ги вознемирија граѓаните на Скопје и Куманово

Сподели со своите пријатели

Рано утринава во 6:58 часот земјотрес ги вознемири граѓаните на Скопје и околината, како и на југозападниот дел од Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет регистрирала два потреси кои биле на епицентар во Скопска Црна Гора, поточно некаде во пределот на кумановското село Матејче.

Првиот се случил во 06 часот и 58 минути со јачина од 3,9 степени по Рихтер, а вториот земјотрес во 06 часот и 59 минути со јачина од 2,8 степени по Рихтер.

Засега нема информации за евентуални штети во близина на епицентарот.

Земјотрес е почувствуван и во јужните делови на Косово, каде што, како и во главниот град, предизвикал вознемиреност кај населението.