Заврши проектот „Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во општина Куманово”, кој се реализираше година и половина со финансиски средства во ведност од 4, 3 милиони евра обезбедени преку Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА). Со проектот беа опфатени 26 километри канализациона мрежа, поголем процент рехабилитација, а во неколку населени места поставена е и нова мрежа, информираше директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски.
„Се заблагодарувам на „Жикол“ и „Луи Берже“ кои професионално го завршија проектот. Најголем небефит ќе имаат граѓаните и претпријатието кое има 26 километри мрежа“-изјави Стојковски.
Тој објасни дека поставната мрежа е снимена, извршени се приклучоци и има гаранција од една година и ќе се инервенира секаде каде што евентуално би се појавил проблем, што е утврдено со договорот. Инаку, проектот беше промовиран на 5. Октовмри 2016 година.
„Нова канлизациона мрежа е поставена во населбата „Гладно Поле“, во селата Романовце, Режановце и во Лопате и уште една улица во градот,а комплетно е санирана , мрежата во старото градско подрачје“ –изјави Стојковски.
Со реализацијата на проектот, се решаваат проблемите со собирањето и одведувањето на урбаните отпадни води во општина Куманово. Проектот ги подобрува условите за животната средина, јавното здравје, се намалува ризикот од урбано поплавување и ги намалува штетите на јавната и приватната сопственост при поројни дождови.
Тој вели дека со завршувањето на овој проект се завршува четиригодишниот инвестициски циклус во претпријатието, нагласувајќи дека се обезбедени 30.000 евра наменти за откривање на загуби на вода, 40.000 евра за изградба на наплатен центар, а на 20 јануари ќе се реализира тендер на кој ќе биде изберена фирма која ќе добие 1, 6 милиони евра за замена на постоечки со елекронски водомери. За четири години во ЈП „Водовод“ , објасни внесени се средства во вредност од 7, 5 милиони евра.