Засилен ветер и дожд и грмотевици во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе им а изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дож и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен а долж Повардарието силен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува до околу 70 км/час. Минималните температури ќе се движат од 12 до 19, а максималните од 21 до 30 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме променливо облачно време со повремени сончеви периоди и изолирана појава на врнежи и грмотевици во попладневните часови. Ќе дува дува засилен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 23 степени целзиусови.

Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и релативно свежо за овој период од годината, а во попладневните часови повторно ќе има услови нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилување на ветерот.

 

Loading...