Заев избран за мандатар, на потег претседателот Иванов

Сподели со своите пријатели

На денешната сеница на Централниот и Извршен одбор на Социјалдемократскиот сојуз падна одлуката мандатар за состаување на Влада да биде првиот човек на партијата, Зоран Заев.

Доцна вчеравечер Али Ахмети одлучи потписите за составување ВЛада да ги даде на СДСМ, па така со 49 пратеници на СДСМ, 10 на ДУИ и 8 потписи на БЕСА и АЛијансата на Албанците, СДСМ го избра Заев за мандатар.

Откако Никола Груевски не успеа да обезбеди мнозинство, мандатот беше вратен на претседателот Ѓорге Иванов кој пак рече дека оној кој ќе успее да обезбеди потребно мнозинство ќе го добие, но услови дека тоа треба да ја зачува унитарноста и да гарантира реформи за безбедносните структури во државата.

Во текот на неделата Заев треба да ги достави потребните потписи до Иванов и да го побара мандато, а потоа следниот чекор ќе биде во рацете на претседателот на држвата.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.