Вкупно 609 бегалци заглавени во Табановце, девет од нив завршиле во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Вкупно 609 бегалци останале заглавени на Табановце и во текот на вчерашниот ден, од кои најголем дел државјани на Авганистан и тоа 597, информираат од Регионалниот ценгар за управување со кризи.

Присутни во транзитниот центар Табановце се и четири лица од Сирија, двајца државјани на Ирак шест лица од Мароко. Вкупно девет од нив побарале лекарска помош во кумановската болница во текот на последните 24 часа.

Од оние кои побарале помош, тројца завршиле на Интерното одделение, едно лице на Нервното одделение, две на Хирургија, а три деца на Детското одделение при Општа Болница – Куманово.

Во текот на изминатото деноноќие од страна на дезинфекцијата, дезинсекција и дератизација, служба при Центарот за јавно здравје – Куманово извршена е дезинфекција на просторот и објектите во пунктот за помош на мигранти ­Табановце на вкупна површина од 3000 м.кв.