Викенд прогноза за Куманово: Се враќаат ли пеколните температури?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент осум.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 28 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерено засилен ветер од југозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 33 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 35 степени целзиусови.

 

 

Од понеделник се очекува максималните температури уште да растат.

Никола Ивановски

Loading...