Вежби за поголем и поцврст пенис! (видео)

Сподели со своите пријатели

„Дали мојот пенис е доволно голем, односно каков е во споредба со просекот“ – е прашање кое повеќето мажи барем еднаш си го имаат поставено. Иако официјално, просечната должина на машкиот полов орган според анализата на 17 различни студии, на преку повеќе од 15 илјади мажи во ерекција е 13.2 сантиметри, постојат многу припадници на посилниот пол кои би сакале да имаат некој сантиметар повеќе.

Притоа, тие се одлучуваат на продолжување со силиконски инјекции или разни чудотворни помагала како пумпа, но експертите предупредуваат дека таквите работи носат разни ризици како инфекции, намалување на чувството и функцијата на самиот пенис. Поради тоа, се препорачуваат овие природни методи со кои наводно пенисот може делумно да се продолжи, а не ве чинат ништо.

https://www.youtube.com/watch?v=UXsBENH4O_A

Loading...

1. Метод на истегнување

Цврсто фатете ја главата на пенисот. Обрнете внимание да не ја прекинете циркулацијата (не треба да чувствувате непријатност). Повлечете и растегнете на надвор, но само до граница на болка. Оставете го во таа положба од 10 до 30 секунди, а потоа малку оморете се и пак повторете. Ова треба да се прави секој ден од 5 до 10 минути. Пенисот можете да го повлекувате и на страна – кон стомакот, бедрата, лево и десно на истиот начин.

https://www.youtube.com/watch?v=FmR-zR8dTj0

https://www.youtube.com/watch?v=X1mb2PRDDbk

2. Растегнување со палецот

Ова е слична вежба на истегнувањето, но на малку поразличен начин. Фатете го врвот на својот пенис со една рака и држете цврсто, но природно. Потоа палецот од другата рака поставете го на основата на пенисот. Повлечете ја главата и држете така 10 до 15 секунди, а палецот уште да биде на коренот на пенисот и така вежбајте 5 минути.

3. Кегелови вежби за мажи

Познато е дека Кегеловите вежби им помагаат на жените во зајакнување на мускулите на карлицата подобра контрола на мочниот меур и полесно постигнување на оргазам, но често се занемаруваат нивните добри ефекти за мажите. Освен за подобрување на еректилната дисфункција тие можат да влијаат и на продолжување на самиот пенис. Прво што треба е да се пронајде мускулот, така што за време на мокрењето свесно прекинете го текот, а мускулот кој е задолжен за тоа е токму тој кој треба да го вежбате. Неколку пати на ден притискајте го тој мускул и држете го стегнат по 5 секунди, но треба да внимавате притоа да не ги напнувате мускулите на стомакот. Вежбите повторувајте ги секој ден, седејќи, лежејќи, одејќи…

https://www.youtube.com/watch?v=yUWGGNrw4E0

4. Повлекување во двете насоки

Со едната рака треба да ја опфатите главата, а со другата да го фатите коренот на пенисот и да повлекувате во двете насоки околу 10 секунди и да правите пауза.

https://www.youtube.com/watch?v=rPH3ohf8qu4

zase.mk