Уставниот суд одлучи да се дава повторна амнестија за изборни нерегуларности

Сподели со своите пријатели

Со пет гласови „за“, а четири „против“, Уставниот суд предмалку ја изгласа поднесената иницијатива,  претседателот да може повторно да амнестира лица кои ќе бидат судени за изборни нерегуларности.

Иницијативата ја поддржаа судиите Никола Ивановски, Елена Гошева, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојановски.

Барањето случајно или не,  дојде откако Специјалното обвинителство го отвори предметот „Титаник“ со кој се предвидува кривично гонење на поранешни државни функционери осомничени за изборни нерегуларности.

По повод одлуката на Уставниот суд, денес во 17:30 пред зградата на судот е најавен граѓански протест во организација на движењето “АЈДЕ”.

 

Loading...