Условна казна за новинарката Ивона Талевска за случајот „Тифани“ на СЈО

Сподели со своите пријатели

Кривичниот суд во Скопје вчера на новинарката Ивона Талевска за случајот „Тифани“ на СЈО и одреди условна казна од две години, доколку во наредните четири не стори ново дело, и обврска за една година да го плати данокот што претходно не го платила.

Судското рочиште, кое го водеше судијката Софија Лаличиќ започна во 11:30 часот, а пресудата судскиот совет ја објави во 14:30 часот.

Претходно, пред судот Талевска призна вина за обвиненијата за даночно затајување, а одбраната побара Судот да го земе предвид нејзиното признание, како и тоа што таа е државјанин на РМ, работи во Сител ТВ, има семејство во Македонија и досега не е осудувана.

Обвинителката Елена Јосифовска рече дека е задоволна што Талевска го признала делото, но оти ќе почекаат да ја добијат пресудата за да решат дали ќе поднесат жалба.

Loading...

Ивона Талевска во рок од 30 дена треба да плати казна од 1.000 евра, а во рок од една година треба да плати персонален данок во вредност од 1.671.611 денари и дополнително 1.145.979 денари данок, како претставник на фирмата „Смарт“. Рокот за жалба за пресудата е 15 дена.

Смарт групацијата, пак, треба да плати казна од 200 илјади денари во рок од 30 дена, а во рок од една година и данокот кој бил затаен и изнесува 1.038.698 денари.

Талевска и Смарт групацијата треба да ги поделат судските трошоци од 2.000 денари и трошоците за вештачење од 76 илјади денари./МИА

Leave a Reply