Министерството за култура соопшти дека е донесено решение за запирање на одлуката на Собранието на ЗАМП со која беше забрането емитување авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување, бидејќи сметаат дека не е во согласност со одредбите од Законот за авторско право и сродни права.
Решението на Министерството за култура со кое се укинува одлуката на Собранието на ЗАМП за забрана за емитување на македонска музика стапува на сила од денот на донесување.
„Авторите на музички дела имаат право преку соодветна организација за колективно управување или индивидуално да забранат користење на нивните дела, но на начин и под услови кои се во согласност со Законот за авторско право и сродни права“, стои во соопштението од Министерство за култура.