Уапсени Митко Чавков, Мукоски, Ќосето, актерот Јовановски и уште неколкумина

Сподели со своите пријатели

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков изутринава е уапсен по налог на Јавното обвинителство.

Од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство повеќе информации најавуваат во текот на денот.

Според првичните сознанија, Чавков е уапсен во врска со истрагата за насилствата во Собранието од 27 април, кога раководеше со оперативниот штаб на МВР. Од пониските структури од МВР тој беше посочен дека два часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратеници и новинари.

 

Loading...

 

Се очекува Чавков изутринава да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.

Според пишувањата на порталот ТВ21, Чавков не е единствениот приведен. Приведени се повеќе лица, а меѓу нив и актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Муковски, поранешниот директор на ФЗОМ Саше Стефановски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрод и други.

Извор: МИА/ ТВ21