Митинзи и средби со граѓани низ повеќе градови и населени места ќе одржат денеска партиите, коалициите и независните кандидати кои учествуваат на локалните избори закажани за 15 октомври годинава.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има средби со граѓани во Студеничани и Сопиште, а митинзи во Кисела Вода и Аеродром, додека коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓани во Демир Капија, Градско и Росоман и митинзи во Неготино и Кавадарци.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) е на средби со граѓани во Шуто Оризари и Бутел.
Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.
Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.
Извор: МИА
Loading...