Столтенберг: НАТО ќе ја преземе координацијата на испораката на оружје за Украина од САД

Сподели со своите пријатели

НАТО ќе ја преземе координацијата на испораката на оружје за Украина од САД, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Loading...

„Очекувам министрите да одобрат план НАТО да ја води координацијата на безбедносната помош и обука на Украина“, изјави Столтенберг за новинарите пред дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

„Ова е клучен елемент од нашиот пакет за Украина на самитот во Вашингтон, заедно со долгорочно финансиско ветување“, рече Столтенберг.

Ројтерс додава дека Столтенберг рекол дека членките на НАТО ги засилуваат акциите против „руските напори за дестабилизација на нивните земји“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НАТО денеска официјално го номинира Марк Руте за генерален секретар

„Сојузниците преземаат решителни мерки, апсат и покренуваат правни постапки против непријателски дејствија низ земјите на НАТО, чии обележја се саботажа, акти на насилство, сајбер напади и дезинформации. Акциите на Русија нема да не спречат да ја поддржиме Украина“, додаде тој.