Носителот на листата на СДСМ во втората изборна единица, Оливер Спасовски денеска на перс конференција од центарот на Куманово упати критика кон својот опонент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров дека ги лажат граѓаните соочени со фактот дека ќе бидат поразени на 11 декември.
ВМРО-ДПМНЕ и Тодоров продолжуваат да ја лажат македонската јавност и затоа од тука од срцето на Куманово им порачувам дека никакви лаги за федерализации и поделби нема да ги спасат од тешѓкиот пораз на 11 декември. Граѓаните се изморени од корумпираната власт и лажнтие ветувања, затоа на 11 декември граѓаните ќе го изберат планот за живот во Македонија како најдобра опција за излез од ова десетгодишно тонење. Граѓаните ќе изберат повисоки плати, ќе изберат пензии кои ќе ги следат трошоците на живот, ќе изберат просечна плата од 30.000 денари. Младите ќе се одлучат за живот во Македонија, ќе се одлучат да живеат тука, ќе се одлучат за вистинска помош на домашни компании, за вистински проекти, а не за лажни ветувања. Граѓаните ќе се одлучат да има правда за сите, да има правда и парвичност за секој граѓанин подеднакво, ќе се одлучат да се врати украденото, а криминалците никогаш повеќе да не управуваат со нашите животи. Тодоров, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ можат да лажат за што сакаат и колку сакаат граѓаните веќе одамна не им веруваат – рече Спасовски.
Како што потенцираше Спасовски, граѓаните на 11 декември ќе ја поарзат фамилијата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе изберат правда и живот во Куманово и Република Македонија.
Loading...