Неколку часа советниците од албанкиот блок вчера дебатираа на 57-та седница на Советот на Општина Куманово за паралелката на албански јазик во Основното музичко училиште „Панче Пешев“, а програмата за тековната учебна година, како и извештајот за минатата не беа изгласани поради бојкотот од страна на албанските советници .
Во месец мај е поднесено барање за формирање паралелка со настава на албански јазик во оваа незадолжително училиште, но до сега одлуката не е имплементирана, а институциите и совенитците си ја перфрлаат вината едни на други, па така неколкучасовната дебата со неколку паузи се вртеше во круг.
Советникот Фериз Дервиши рече дека според законот, во оние училишта каде настава следат над 20% ученици од малцинските групи треба да им се овозможи наставата да ја следат на мајчиниот јазик, а воедно нагласи дека ДПА нема да го изгласа извештајот за минатата учебна година на оваа училиште, ниту пак програмата за тековната. Ваква беше одлуката и на останатите албански советници членови на другите албански политички партии.
Loading...
Влора Имери во своето излагање вели пак дека децата Албанци не разбираат македонски јазик и затоа наставата треба да ја следат на мајчиниот.
На нејзиниот став остро реплицираше претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Колешката Влора вели дека децата имаат проблем да ги разберат соучениците Македонци и тука следи прашањето зошто децата не се разбираат меѓу себе. Службен јазик е македонскиот. Ова прашање се крши секогаш во Општина Куманово. Децата уште во градинка се поделени, а да не зборуваме во училиште – рече Димитриевски.
Очекуваме од децата да учат македонски јазик, а тие не знаат ни да се поздрават на тој јазик со своите врсници – потенцираше Имери.
Советникот од НДП вели пак дека децата оваа година не се развиваат соодветно бидејќи настава следат на македонски.
Loading...
Директорката на музичкото училиште, Ивана Андоновска Свилар децидно потенцираше членови и ставови од законот за основно образование, истакнувајќи дека Училишниот одбор не донел одлука затоа што по одржаните консултации донел зкалучок дека немаат надлежност да носат такви одлуки.
Одборот својот став го темели на членот 17 и 19 од Законот за основно образование каде е одлучена ненадлежност и ако постпат така би го прекршеле законот и би можеле да сносат последици. Откако основачот и Министерството за образование ќе достават согласност со закон за имплементација потребни се нови вработувања, а не се знае дали наставницит еќе имаат доволен број часови, а тоа води и до поголеми финансиски оптоварувања – рече директорката Ивана Андоновска Свилар.
Советникот Ридван Асани пак обвини дека училишниот одбро и Секторот за образование во Општина Куманово се повикуваат на различни закони.
Од друга страна раководителот на Секторот за образование Жика Крстевски пак вели дека Советот и градоначалникот немаат надлежност да донесуваат ваква одлука, туку самиот училишен одбор по одобрение од Министерството за боразование.
Сепак на крајот по неколкучасовна остра дискусија извештајот и програмата за училиштето не беа изгласани, но заклучок на советниците од ДПА, ДУИ, РДК со кој се задолжува градоначалникот и директорот на училиштетот да постпат согласно законот и да изготват програма за вовееддување паралелка со настава на албански јазик во музичкото училиште „Панче Пешев“.