Сончево со мала облачност и температури до 31 степен

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи..

Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 24 до 31 степен целзиусов. УВ индексот ќе има вредност 8.

Што се однесува до околината на Куманово денес ќе имаме сончево време со мала облачност, која во попладневните часови носи мали услови за краткотраен дожд и грмотевици. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 28 степени целзиусови.

До вторник во попладневните часови ќе има локален развој на нестaбилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ос среда очекува стабилизирањеи затоплување на времето. Нашето подрачје ќе биде под влијание на сува и многу топла воздушна маса од југ.