08.06.2016 02:24

Сончево до умерено облачно со услови за локална нестабилност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне во јужните делови ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 20 до 26 степени целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Куманово и околината ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура до 25 степени целзиусови, а во попладневните часови локално може да дојде до појава на краткотраен дожд и грмежи.

Во четврток и петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе биде на повеќе места, особено во западните делови од земјава. За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло, во југоисточните делови со температура и над 30 степени.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments