Решавање на проблемот со водоснабдувањето, нови градинки, тротоари и капитални инвестиции најави кандидатот за градоначалник на СДСМ за Куманово, Максим Димитриевски, на вечерашниот централен митинг кој се одржа на градскиот плоштад.
Ќе го решиме и горливиот проблем на Куманово и ќе изградиме нов цевковод до браната Глажња во должина од 18,5 километри за нова вода од 500 литри во секунда, за да живееме нормално и рубано во еден урбан град како што е Куманово. И покрај градинките, ќе го решиме и сообраќајниот метеж, затоа што е недозволиво мајките и татковците да немаат можност да шетаат своите деца во колички, бидејќи ги гледаме возилата расфрлани по сообраќајната површина затоа ќе изградиме пет катни гаражи каде ќе го извадиме тој сообраќаен метеж, а сообраќајот ќе им дадеме можност да учествуваат пешаците – рече Димитриевски.
Loading...
Загадувањето во градот, како што рече Димитриевски ќе се реши со нови зелени површини во градот.
Нови паркови и шеталишта, а тие што ги имаме комплетно ќе ги реновираме, но ќе продолжиме и со докапитализација на Куманово гас, затоа што сме единствени и први кои го отпочавме тој проект и ти благодарам Дамјановски што отпочна со тој проект и што успеа оваа општина да ја сочуваш сите овие 12 години од оној режим кој што заедно сите не дробеше и не чуваше на тенок мраз, а успеавме да се одржиме и издржиме и тука сме да продолжиме таму каде што ти застана – вели Димитриевски.
Решавање на проблемот со сметот со изградба на регионална депонија на која ќе се депонира и рециклира сметот, исто така е еден од проектите за кој ќе се заложува новото локално раководство, доколку Димитриевски ја добие довербата на претстојните локални избори. Најави и низа инвестиции во образованието.
Ќе изградиме регионална депонија каде ќе се складира и преработува сметот и тоа е капитален проект кој ќе го туркаме заедно со сите општини во регионот. Но, нема да застанеме тука, на Куманово му е потребно ново средно училиште и ќе дадеме можност на сите граѓани без разлика на својата етничка, верска или политичка припадност да ги образуваме своите деца во достоинствени услови, но исто така ќе бараме средства и начин да ги реновираме сите постоечки училишта, затоа што недозволиво е додека се градеа школи 12 години уздуш и попреко во Македонија, а државата беше создадена за едни да биде мајка, а за нас маќеа, да не се закове една шајка во Куманово, недозволиво е нашите деца да учат во училишта каде се загреваат на ќумбиња како во 19 век. Тоа ќе го исправиме со вас кумановчани за вас кумановчани – порача Димитриевски.
Loading...
Кандидатот Максим Димитриевски порача дека нема да се штети, дека ќе работи за граѓаните на Куманово, па затоа ја побара поддршката на граѓаните за себе како градоначалник и за листата со кандидати за советници.
Пред присутните се обрати и Атина Мургашанска, носител на листата кандидати за советници, која вели дека е предизвик да се продолжи таму каде што застана Зоран Дамјановски.
Сите 33 се толку различни, а сепак исти, различни по етничкиот, професионалниот, родовиот состав, а сите обиединети и исти околу една иста идеја, што можеме сите ние заедно да направиме за општината, а не општината за нас, а можеме многу и тоа го докажуваме 26 години како најголеми победници во Република Македонија на сите досегашни локални избори. За да продолжиме понатаму со истиот од, со успешни чекори имаме план и концепт како да изградиме од Куманово модерен и европски град, кој ќе зачекори рамо до рамо со другите од рангот на оваа најголема општина во Република Македонија, но и град кој ќе ги сочува традиционалниот дух и вредностите на соживот. Вредности кои не не делат по боја, вера, раса и нација, град кој ќе го изградиме затоа што имаме план за живот за сите во општина Куманово, рече Мургашанска.
Пред присутните се обрати и премиерот на Република Македонија Зоран Заев, а поддршка на Димитриевски и кандидатите за советници им изразија и претставниците на другите политички партии. Сите заедно побараа глас за бројот 19 и се надеваат на убедлива победа уште во првиот круг.
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...