Македонските радио и телевизиски станици од денес немаат можност да емитуваат македонска музика, споре одлуката на Здружението за заштита на авторските и музички права на Македонија (ЗАМП), но нема да емитуваат ниту српска музика по забраната од СОКОЈ, авторската агенција од Србија.
И српските и македонските автори не се задоволни од парите што ги добиваат од македонските медиуми за авторски и изведувачки права. Викендов нема да се одржи Фолк фест Валандово кој требаше директно да се пренесува на МТВ.
Loading...
Од Македонската медиумска асоцијација најавија тужба против ЗАМП и од Министерството за култура бараат одземање на дозволата за работа.Тие сметаат дека тарфитеи на ЗАМП се прескапи, 750 денари за една минута.
Засега нема никаква реакција од Министерството за култура која ги издава лиценците на овие здруженија, но најавуваат дека мора да се пронајде заеднички јазик, а до тогаш оро ќе играме на песни од Бијонсе.