Просечната нето плата во јули изнесувала 22.671 денар

Сподели со своите пријатели

Просечната месечно исплатена нето-плата во јули изнесувала 22.671 денар што претставува зголемување за 1,5 проценти во однос на истиот месец лани.

Државниот завод за статистика денеска објави дека зголемувањето се должи, пред сé на покачувањето на просечната месечно исплатена нето-плата во секторите Стручни, научни и технички дејности, Рударство и вадење на камен и Информации и комуникации.

Во однос на јуни годинава, просечната месечна исплатена нето-плата е намалена во секторите Уметност, забава и рекреација, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Просечната бруто-плата во јули изнесувала 33. 328 денари.

Во јули 1,3 проценти од вработените не зеле плата.

Извор: МИА

Loading...