Пред Кривичниот суд Скопје се уште трае протестот на приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ, против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.
Протестот почна ппретпладнето на повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој прво на својот Фејсбук профил, а потоа и на прес-конференцијата ги повика „сите граѓани кои не се согласуваат со антидржавната политика на СДС да излезат на протест пред Основниот суд Скопје“.
На протестот се обратија актуелни и поранешни пратеници, членови на опозициската партија, кои повикаа за итно ослободување на приведените лица.
Пратеникот Влатко Ѓорчев пред насобраните граѓани прочита пораки од семејствата на приведените.
– Луѓето што се внатре во Судот и што одлучуваат за притворените треба да знаат и дека одлучуваат дали ќе бидат запишани на црните страни на македонската историја, рече Ѓорчев.
Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој и самиот попладнево присуствуваше на протестот, оцени дека приведувањето на лицата за насилствата во Собранието на 27 април е политички прогон и побара нивно итно ослободување.
На протестот присуствуваа генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицковски, поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, Соња Тарчуловска, сопругата на пратеникот Јохан Тарчуловски, актерот Тони Михајловски и поранешниот директор на Архивот на Македонија Филип Петровски.
Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и уште 35 лица, меѓу кои пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов утрово се приведени по налог на Јавното обвинителство за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните во Собранието на 27 април годинава
Текст: МИА / фото: НоваТВ.мк
Loading...