Педесет и петгодишниот Кричо Тодоровски од Куманово е мажот чие тело со прострелна рана утринава беше пронајдено во зграда на булеварот „Октомвриска револуција“ број 22.
Од Основното јавно обвинителство за Кумановски Муабети велат дека телото е пронајдено на вториот кат, пред влезната врата на кумановскиот градоначалник. Видлива била прострелна рана во пределот на главата, а во десната рака на сега починатиот бил пронајден и пиштол.
Оружјето, како и останатите докази се предадени на вештачење, а телото на убиениот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина, по што ќе биде утврдено дали стануав збор за убиство или самоубиство.
Loading...