Нови четири километри дистрибутивна мрежа, како и 22 километри секундарна гасоводна мрежа, годинава треба да изгради Јавното претпријатие „Куманово гас“ согласно програмата за работа во 2018 година.
Како што посочи директорот на претпријатието, Драган Петровски на четвртата седница на Советот на Општина Куманово, поголем број улици од кумановско во текот на годинава ќе станат дел од дистрибутивната мрежа за гас, меѓу кои „Цар Самоил“, „Никола Вапцаров“, „11 Ноември“, „Осоговска“, „Сава Ковачевиќ“, „Боро Прцан“, „Титова Митровачка“, „Васко Карангелевски“, „Моша Пијаде“, „Лесковачка“, „АВНОЈ“, „Индустриска“ и „Железничка“.
На оваа новозиградена мрежа планираме да изградиме околу 250 нови приклучоци, а исто така освен на ново изградената мрежа, планираме на мрежата која е градена претходните години да продолжиме со изградба на приклучоци, рече Петровски.
Loading...
Според директорот Петровски, годинава приоритет ќе биде приклучување на Општа Болница Куманово кон гасоводната мрежа, а воедно и приклучување на колективна зграда со 120 станбени единици лоцирана на улицата „Моша Пијаде“.