Кирацовски: Ќе градиме само по план, домаќински, чесно, одговорно и квалитетно

Сподели со своите пријатели

Поддршка на кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од СДСМ, Максим Димитриевски денеска му укажа и генералниот секретар на партијата, Александар Кирацовски.

Кирацовски е во целодневна посета на Куманово каде заедно со кандидатите за советници и Димитриевски имаат средби со граѓаните. Воедно генералниот секретар најави дел од програмата со која СДСМ ќе ја бара довербата од граѓаните на претстојните локални избори.

Со нови сили ќе ги продолжиме сите добри проекти од кои граѓаните се задоволни, а воедно ќе понудат и нови кои се потребни за градот.

– Ќе градиме само по план домаќински, чесно одговорно и квалитетно, ќе овозможиме соодветна инфраструктура, водовод и канализација за сите населени места, ќе ги изедначиме во овој поглед и руралните и градските средини, ќе овозможиме чист воздух за дишење и чиста вода за пиење за сите населени места, затоа што здравјето на граѓаните за нас е најважно. Ќе обезбедиме соодветни и еднакви услови за инвестирање за бизнис можности во сите локални самоуправи, вклучително и тука во Општина Куманово и ќе ги изедначиме домашните со странските инвеститори. Општината ќе продолжи да биде соодветен сервис на граѓаните, да биде отворена за сите наши сограѓани, а ќе се работи чесно и домаќински – изјави Кирацовски.

Кирацовски ги повика граѓаните да гласаат за кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски и листата советници предводена од Атина Мургашанска, затоа што како што посочи, Куманово треба да биде успешен град за да граѓаните бидат среќни и задоволни.

Шефот на општинскиот изборен штаб на СДСМ, Мартин Костовски ги повика кумановци вечерва да присуствуваат на промоцијата на кандидатите која ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

– Како шеф на општински изборен штаб на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Општина Куманово вечерва во 19 часот да присуствуваат на промоцијата и презентација на кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски и советничката листа предводена од Атина Мургашанска. Во организација на штабот ќе биде презентиран дел од програмата и она што предвидуваме и како да излеземе во самата кампања – рече Костовски.

Во 17 часот средба со бизнис заедницата ќе има и вицепремерот од Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев

 

Loading...