Хаос во ТЦ Табановце: Околу 850 бегалци вратени од Хрватска и Србија

Сподели со своите пријатели

Околу 850 бегалци се вратени од Србија и Хрватска и моментално се наоѓаат во Транзитно прифатниот центар Табановце, каде според кажувањата на волонтерите владее вистински хаос.

Станува збор за бегалци од Авганистан, Сирија и Ирак, т.е за вратени 380 бегалци, првин од Хрватска а потоа и од Србија, додека останатите се бегалци од Авганистан кои не можат да заминат кон ЕУ поради проблеми со поседување патни исправи.

Според волонтерите и невладините активисти, во ПЦ Табановце засега владее хаос, бидејќи капацитетите на кампот не дозволуваат подолг престој на толкав број луѓе.  Во меѓувреме, на ПЦ Табановце се очекува и пристигнување на воз од Гевгелија кој се очекува да пристигне во 18 часот, со што се очекува создавање на поголем метеж.

Слична е ситуацијата кај македонско – грчката граница, односно кај граничниот премин Идомени каде голем број автобуси не се пропуштаат кон Македонија. Засега ни од таму нема информации зошто е запрен транзитот на бегалците.