ЕБР удри врз Студентскиот пленум (видео)

Сподели со своите пријатели

Единицата за брзо распоредување на Министерството за внатрешни работи удри врз студентите од Студентскиот пленум на Универзитетот „Кирил и Методиј“ кои вечерва сакаа да го спречат одржување на како што велат нелегитимните студентски избори.

Но, полицијата со сила ги влечеше по земја и сепак гласачките кутии влегова во просториите на СПУКМ каде треба да се пребројат и да се избере новото раководство на студентскиот орган.

Со штитовите, припадниците на ЕБР ги истуркаа студентите надвор од дврото на факултетите, а тие извикуваа „слобода“, „стоп за полициска бруталност“ и се упатија да протестираат пред зградата на Специјалното јавно обвинтиелство.

Пред универзитетскиот кампус, според информациите на националните медиуми имало огромен број специјални сили и оклопни возила, а изборите цел ден се одржуваат во тензична атмосфера. Студенти се носеле да гласаат во групи од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, додека Студентскиот пленум по секоја цена се обидуваше да го спречи нелигитимниот избор на Студентскиот парламент.