ДУИ ги даде потписите за формирање Влада на СДСМ

Сподели со своите пријатели

По десетчасовен состанок, ДУИ донесе одлука да ги даде потписите за формирање Влада на СДСМ, а како што пренесуваат националниите медиуми доцна вечерва ова го изјави портпаролот Бујар Османи.

Но, тоа не значи дека Влада ќе се формира, појаснувањето е дека преговорите со СДСМ и ДУИ ќе продолжат, а потписите се дадени за да се испочитуваат законските рокови и да не се изгуби премногу време.

Како што изјавил Османи преговорите за формирање на Владата допрва започнуваат.