Дипломатите во прошетка низ Североисточниот регион (фото)

Сподели со своите пријатели

Претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија денеска се во официјална посета на Североисточниот регион каде ќе се запознаат со туристичките можности кои ги нуди овој дел од државата.

Агендата најпрвин започна со посета на Општина Куманово, каде амбасадорката на Федерацијата Швајцарија, Сибил Сутер Тајада, амбасадорот на УНДП, Луиза Винтон, како и сопругата на амбасадорот на Европската унија, Маја Жбогар се сретнаа со првиот човек на Североисточниот регион, Зоран Дамјановски каде разговарале на повеќе теми од заеднички интерес за општината и регионот.

работата денеска е пред се да се запознаат со спеицификите на регионот и она што е многу актуелно, во Македонија во последно време за расподелба на локалните развојни средства, проекти, односно рамномерна дистрибуција на средства во однос на рамномерниот меѓународенр азвој, што е дел од преговорите за нова Влада, така да на некој начин ќе ги дадеме спецификите на овој регион и потребите од понатамошните развојни програми за самиот регион. Има и запознавање со регионот и со спецификите на овој дел – изјави градоначалникот Дамјановски.

Loading...

 

Како што посочи Дамјановски, швајцарската федерација е еден од најголемите подржувачи на локалните самоуправи, а голем допринос имаат дадено и со финансиската поддршка за отворање на станицата за прочистување отпадни води во Куманово која ја посетија во текот на денот.

За мене беше важно да слушнам од градоначалникот за развојот на локалната самоуправа, бидејќи Швајцарија го подржува процесот на децентрализација, затоа што доаѓам од држава која е доста децентрализирана и би сакала оваа идеја да ја пренесам и тука, а Швајцарија го подржува овој процес во минатото, а ќе продолжи така и во иднина – изјави Сибил Сутер Тајада, амбасадор на Федерација Швајцарија.

 

Како што посочи амбасадорката Субил Сутер Тајада, Швајцарија изминатите 15 до 20 години секогаш ги подржувала локалните самоуправи, меѓу кои и Општина Куманово со која ќе продолжи соработката и во иднина.

УНДП е присутен тука со многу проекти во различни области и општините и регионот беа одлични партнери. УНДП близу работи не само со Куманово туку низ целата држава со колегите од Швајцарија на планот за соработка и развој, споделуваме исти приоритети и работиме да ги надминеме регионалните поделби и да осигураме балансиран развој на сите региони. Уживам во посетата на Куманово кој е одличен пример за културен и етнички диверезитет – изјави Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП за Македонија.

Посетата на регионот е во организација на здружението „Macedonia Welcome Center“ кое има за цел да ја промовира земјата кај претставниците на меѓународната заедница што е поврзано со туризмот и политикиот и регионалниот центар.

Ппрошетката и покажување на дипломатскиот кор на знаменитостите во регионот е многу важно бидејќи тие се директен линк со нивните матични земји, колку ние ќе направиме да ја зпаознаат нашата земја и да ја засакаат толку они тоа ќе го пренесат во своите земји, така да агендата на Macedonia Welcome Center е токму тоа, преку претставување на Македонија како турстичка дестинација, претставниците на дипломатскиот кор да ја засакаат оваа земја и тие чувства да ги пренсат во нивните домицијални земји – изјави Емилија Миладинова Аврамчева -, претседател на „Macedonia Welcome Center“.

Агендата на дипломатскиот кор по посетата на пречистителната станица предвидува и посета на џамијата во Куманово, манастирот „Свети Ѓорги“ во Старо Нагоричане, посета на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, како и манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.