Државната изборна комисија (ДИК) со 30 милиони денари на 17 општини со блокирани сметки ќе им помогне во реализирањето на обврските околу организирањето на локалните избори.
Според ДИК, станува збор за трошоци околу превозот, обезбедување простор за гласање, струја, вода, како и надоместок за одборите. Општините имаат законска обврска да планираат финансии за локални избори кои се одржуваат на секои четири години.
ДИК на денешната попладневна седница ги утврди и формата и содржината на гласачкото ливче и воедно донесе одлука гласачаките ливчиња за локалните избори на 15 октомври 2017 година, како и изводите од Единствениот избирачки список да ги печати фирмата „Полијестрдеј“ од Скопје.