Утринава насекаде во земјава беше облачно и многу студено, на повеќе места со врнежи од снег со слаб а на планините и во источните делови врнежите од снег се со умерен интензитет . Дува слаб ветер од северен правец и повеќе е изразен на повисоките места, долж јужното Повардарие и Штипскиот регион.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од снег со слаб интензитет, а во источните делови облачно со врнежи од снег со умерен интензитет. Ќе дува умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од -10 до -3 степени.
Во Куманово и околината денес ќе имаме болачно и многу студено време проследено со интензивни врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен, односно северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе биде околу -9 степени. Разведрувањето во вечерните и ноќните часови ќе предизвика престан на врнежите од снег, но ќе донесе екстремно ниски температури од -20 степени целзиусови.
И утре времето ќе биде студено со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и во јужните делови ќе има врнежи од снег со слаб интензитет.Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
До четврток ќе се задржи многу студено со благ пораст на дневната температура, а позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во петок попладне и во сабота претпладне.