Даниел Кајмакоски го посети семејството Додевски од кумановската населба „Иго Тричковиќ“ каде замина наградата од 25.000 евра која македонскиот пејач ја освои на шоуто „Твоето лице звучи познато“, а кои ќе бидат наменети за лекувањето на седумгодишниот Александар и неговата десетгодишна сестричка Мартина кои боледуваат од цироза на црн дроб.
Loading...
[huge_it_gallery id=”374″]
Видно разнежнет, а на момент и со солзи во очите Даниел се сретна со малите херои, им донесе подароци, им измами насмевка на лицата, но и докажа дека Јасмина не е сама во оваа борба.
Многу битно е да ја разбудиме свеста кај сите луѓе, треба само ете 75 илјади Македонци ни требаат на пример кои би дале секој по малку, заедно ако се здружиме, ако навистина размислиме што можеме заедно да направиме никој немад а осети некоја дупка во џебот ако сме многу. Ова е само почеток, јас ќе продолжам и понатаму да направам се што е можно да се соберат што е можно повеќе пари и се надевам дека Македонците, не само во Македонија него во целиот свет ќе ме подджат во оваа акција. Јас ќе се борам за тоа и навистина се надевам дека ќе ми се придружат повеќе луѓе и повеќе јавни личности, не само од естрада туку и од спортот – изјави Кајмакоски.
Тој вели дека еден не може да помогне на сите, но сите можат некому да помогнат и најави дека ќе одговори на сите досегашни понуди да направи хуманитарни настапи за Александар и Мартина.
Ќе бидам почесто во Куманово, не само во Куманово, туку насекаде низ Македонија да се обидам да најдам повеќе средства и се надевам дека ќе има доволно добри Македонци – додава Даниел Кајмакоски.
Инаку, Алексндар и Мартина боледуваат од цироза на црниот дроб, а за нивната операција се потребни 100.000 евра, средства кои самохраната мајка не може да ги обезбеди. Доколку сакате да се приклучите на акцијата тоа можете да го сторите со уплата на парични средства на сметката на семејството.
Можете да донирате на следниот начин:
Име: Јасмина Додевска
Централна-кооперативна банка а.д. Скопје
Број на сметка: 320500025832633