Дали телеграмата на Спасовски значи нов вовед во работата на МВР?

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Новоизбраниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, со телеграма упатена до сите раководители на организациските единици, односно до сите вработени во МВР, информираше дека се одземаат сите овластувања, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, од восхит до ширење паника дека на овој начин, ќе биде блокирана работата на МВР.

 

07541447339a6734a07d362ed7ab87a886ee9d6062fb7159db2dff7cccc96655

Во очекување на официјална потврда од МВР што можеби и нема да биде објавена со оглед дека се работи за одлука донесена согласно овластувањата на новиот министер, одредени портали со наводни изјави од вработени во МВР шират паника дека поради ваквата одлука, дошло до блокада и многу настани во кои полицијата била спречена да делува.

Повлекувањето на овластувањата од друга страна, воопшто не задира во работата на полициските оддели, бидејќи работата на полицијата е усогласена согласно Законот за полиција, односно, телеграмата значи повлекување на овластувања дадени од претходните министри во делот на ставање потписи на тендерски постапки, комисии и набавки, како и ставање потписи за спроведување на посебни истражни мерки во име на министерот, коментираат вработени во министерството но не и спречување на работата на вработените.

Дали ваквата одлука на Спасовски значи нов вовед во работата на МВР, институција која беше критикувана за целосна партизација и своеволност, останува да се почека до април кога ќе заврши мандатот на сегашниот министер.