ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Можат да преживеат и на +150 и на -273 степени (видео)

Сподели со своите пријатели

Ситните подводни безрбетници под називот тардиграда поседуваат неверојатна моќ еднаква на појавите во научна фантастика. Кога околината не им е по волја, тие стануваат парче стакло.

Водените мечки, како уште ги нарекуваат, веќе од претходно им се познати на научниците по неверојатната отпорност на низ фактори од животната средина кои би ги убиле овие живи суштества. Тие можат да опстанат на температура од +150 степени целзиусови до апсолутна нула (-273,15 степени), можат да го преживеат скоро секое ниво на радијација, да поднесат притисок шест пати поголем од оној на најдлабокото место во океанот и во состојба да се да се размножуваат во вакуум простор.

Научниците дури од неодамна успеале да го откријат протеинот кој им овозможува да направат слој од стакло околу телото за да се заштитат од дехидратација. Соединението кое ја добило ознаката ИДП е под нормални околности безлично и превиткувачко, но под екстремни услови се претвора во цврсто биолошко стакло.

Тардигради вака можат да преживеат децении со престој надвор од вода за да веднаш продолжат каде застанале кога оклопот ќе им се стопи по првото влегување во вода.

Истажувачите од Универзитетот во Северна Каролина успеале да изолираат протеин и да го стават во бактерија и квасец каде покажал слични резултати.

Сметаме дека стаклестата материја која ја формираат молекулите осетливи на сушете од околината и физички можат да ги спречуваат од распаѓање или целосно ги спојуваат – овјаснува Томас Бутби, еден од авторите.

Оваа откритие, судејќи според научници би можело да се примени за заштита од суша, чување на намирници и што е најфасцинантно на човечките клетки на кожата.

Loading...