Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утревечер со почеток во 20 часот ќе одржи централен митинг на плоштадот во Куманово каде ќе се обрати првиот човек на партијата и премиер на Република Македонија, Зоран Заев.
Освен Заев, на митингот ќе се обратат и кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски и носителот на листата со кандидати за советници Атина Мургашанска.
Претходно караванот на СДСМ во 18 часот ќе биде во општините Ранковце и Крива Паланка, а во 19 часот со граѓаните на општина Старо Нагоричане.