Бутарис го покани Заев за Нова година во Солун, тој со задоволство прифаќа

Сподели со своите пријатели

Солунскиот градоначални Јанис Бутарис, кој денеска престојува во посета на Скопје, го покани премиерот Зоран Заев да ја прослави Нова година во Солун.

Бутарис по средбата изјави дека го поканил Заев во приватна посета на Солун на новогодишната ноќ.

Заев истакна дека со задоволство ја прифаќа иницијативата да ја пречека новогодишната ноќ во Солун.

– Сериозно ќе размислам за тоа, можеби таму ќе ја пречекам заедно со Бутарис и со премиерот на Грција Алексис Ципрас, рече Заев.

Бутарис, исто така, изрази надеж и подготвеност да се заложи следната средба на Заев со премиерот на Грција Алексис Ципрас да се одржи во Солун.

Извор: МИА

Loading...