04.07.2017 03:08

Брутално убави, а страшно опасни: Ова се кралиците на дрогата (видео)

Facebook Twitter Google+

Според проценките на полицијата и безбедносните служби, бројот на жени во нарко-картелите е зголемен за 400% во последните три гоидни, а добар дел од нив „бизнисот“ го презеле од своите убиени мажи каде доаѓаат на нивните места во криминалните организации.

Жените не се само на високи функции, туку обавуваат и валкани работи.

Гриселда Бланко – Црна Вдовица

Се што мажот го прави, жената може подобро, затоа што се постраствени, една е од изјавите на оваа Колумбијка која е на врвот на чело на еден мафијашки картел од средината на 80-те години, кога во Мајами владеела т.н. кокаинска грозница.

На криминалот Гриселда Бланко била склона уште од младоста, веќе на 11 години киднапирала едно дете, а патот ја одвел во САД каде станала организаторка на мрежа која кокаинот го добавува од Колумбија и го препродава низ Америка. Поради тоа, освен прекарот Црна вдовица ја нарекуваат и кума на кокаинот.

Во своето златно Време Гриселда заработувала и по осум милиони долари месечно, а до култниот статус дошла благодарение на безгрижноста во работењето.

Се претпоставува дека е договорна за над 200 убиства, а полицијата ја привела дури во 1985 година. По 10 години минати во американските затвори, депортирана е во Колумбија. Починала во 2012 година во улична пукотница во градот Меделјин.

Енџи Санклементе Валенсиа

Исто така Колумбијка, Енџи на јавноста и стана позната откако победи на еден тамошен избор за Мис. Работела како фотомодел за долна облека.

Но, титулата мисица и била одземена два дена од освојувањето на круната, затоа што било откриено дека спротивно на правилата таа е омажена, што го сокрила од комисијата.

Бракот исто така не и одел па завршила во врска со лидер на еден од мексиканските катели под прекарот Чудовиште. Тој ја учел и внел во бизнисот, а кога прекинале, одлучила да стартува свој сопствен бизнис со дрогата. Тоа и одело добро, па без проблеми набавувала дрога од Аргентина во Англија преку модели кои работеле во нејзината манекенска агенција, а која била само „фасада“.

Сепак, среќата на крајот и го свртела грбот кога една од манекенките била откриена со дрога па ја издала и Енџи завршила во затвор во Аргентина. По три години минати таму била депортирана назад во Колумбија.

Анел Виолета Нориега Риос

Анел Виолета Нориега Риос, позната меѓу своите како Кралица на злосторот, веќе со години е на листата најбарани злосторнички во Северна и Средна Америка, а во Лос Анџелес е приведена сосема случајно, во изнајмен стан во латиноамериканскиот квард Ел Монте.

Таа била шеф на испорака во нарко картелот Ла Фамилиа во САД, па била задолжена з аорганизација и надзор на продажба на метамфетамини, марихуана и кокаин на подрачјето на САД.

Сандра Авила Белтран

Таа е една од првите жени кои се разбудила во матните води на нарко-бизнисот, а со својата работа го заслужила прекарот Кралица на Пацификот. Таа била врска измеѓу два озогласени картели, мексиканскиот Синалоа и колумбискиот Норте дел Вале, па работела дипломатски, но и одлучно.

Колку била водена од својата цел говори и фактот дека се омажила два пати, а во двата случаи мажите и биле корумпирани полициски службеници кои ги завела со пари и моќ од работата со дрога. но, двајцата сопрузи завршиле на ист начин – смрт под неразјаснети околности.

Кога во 2002 година нејзиниот син бил киднапиран, се обратила до полицијата што отворила истрага која довела до нејзино приведување пет години подоцна.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments